Тој отпрвин си мислеше дека барем за надворешниот свет нема да се измени ништо спрема поранешното.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Крајниот резултат е, во најмала рака, онолку ужасен колку што е ужасна состојбата против која што тој отпрвин служел како одбрана.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тој отпрвин стоеше како закован за земјата или плашливо се потргнуваше настрана.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)