Неговите чекори во сеќидневието се такви што секој помислува дека тој намерно остава стравот да го води за рака!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Геј-мажите, според него, навистина се одликуваат со природна состојба: заедничко ни е својството да му припаѓаме на трет или меѓупросторен пол, на половина пат помеѓу машкиот и женскиот (но поблизок до вториов).
Таа отворено есенцијалистичка или есенцијализирачка визија за природите на геј-мажите ги носи со себе вообичаените недостатоци, проблемите што по правило ги тиштат сите есенцијалистички модели на општествениот идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во својата заклучна реч, тој намерно одбива да ја огради работата, отфрлајќи говор со завиени квалификации и зборува великански, широкоопфатно, инклузивно и во универзализирачка смисла за „нашата дводуховност“ и за „нашите меѓупросторни природи“ (259).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој зборува за „суштински начини“ на кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите, за „природи на геј-мажите“, за „геј-сензибилитет“ како „суштинска страна на човековата природа“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа склоност деновиве злокобно се засилува со модата да се сместуваат сексуалноста и родовиот идентитет во генетиката, во геномиката, во работењето на мозокот, на невралните патишта и во когнитивниот развој – склоност што често ја спорат психолозите и психијатрите, кои во когнитивната наука гледаат опасност за својот професионален авторитет, како и за својот дел од доходовниот пазар.342 Мојот пристап кон геј-културата е устроен да им противречи и на едниот и на другиот пристап: неговата методолошка цел е да спори и против биолошкиот и против психолошкиот редукционизам.
За Фелоуса, машките геј-културни практики се природни изрази на половата меѓупросторност и ја откриваат природната суштина на геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И додека Боше и брат му Атанас Цицко ги нажапчуваат капаците, откако пред тоа првин ги отвораат, а потоа и ги затвораат џамовите, (за тоа малку време во одајата шибнува студен воздух и за час го растерува чадот од цигарите и мирисот во восокот на свеќите) тој намерно зборува полека, намерно развлекувајќи ги речениците, за да остане помеѓу зборовите празнина во којашто, се надева, другите ќе имаат време да се досетат за што зборува и да размислат за тоа што зборува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Па тој намерно свиреше...“ му рече болничарот, „за да ве расположи, за да ви ги отргне мислите од болките, од маките што ги имате; да ве разведри...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)