тој (зам.) - воопшто (прил.)

Заменик-директорот му дава „совет“ тој да напише молба за ко- ристење на годишен одмор, додека не се смират страстите и не се реши неговата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, Јаневски не можеше да си го наплати своето парично побарување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, да биде иронијата поголема, пресудата не можеше да се изврши, првенствено поради должината на судскиот спор – кој траеше речиси две години, а за кое време газдата го ликвидираше трговското друштво „Јасмина“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, по ова, во септември 1999 Авдиќ добива отказ без отказен рок против кој благовремено поднесува писмен приговор до УО на претпријатието4 – и којшто, во ноември 1999, му е одбиен како неоснован, без тој воопшто да биде известен и повикан на седницата на УО за да ја изложи својата одбрана!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Разочаран од самиот судски систем, а и од целокупниот институционален систем воспоставен во државата, тој не ја гледа добивката од сето ова и вели дека во иднина, доколку би имал повторно прекршување на неговите работнички права, тој воопшто не би 239 покренал судски спор!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа природа пак нежно, без напор и принуда од нас ја извлекува скриената дарба, дозволувајќи ни сами да си го размотаме јазолот, во кој поради незнаење сме се уплеткале...за потоа да ни прости, тој учител, на кого целта му била да не прочисти, па дури потоа сфаќаме: дека затоа тој воопшто и не се појавил во нас!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Малку страв ме полази од овој грдомасник. Но, тој воопшто не обрнуваше внимание на вчудовидените гледачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога таа го прашуваше својот љубен или некого друг (ако нејзиниот љубен веќе беше мртов) дали ја видел, тој воопшто не ја беше видел.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Всушност тој воопшто не ги сакаше кокошките.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Старецот посака да седнат да се одморат, не толку заради него, колку заради Еразмо, сашто тој воопшто не чувствуваше замор.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но најчудно беше тоа што гледајќи ја, така заробен во униформата како во оклоп на својата судбина, маслинестозелен дури и во лицето, тој воопшто не беше изненаден од нејзината исповед.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Имаше глас, во кој стоеше и презирот кон страот, што е толку блиску до нив. Тој воопшто не кружеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од она надвор тој знаеше што може да очекува, но тој воопшто не можеше да биде сигурен во она, што можеше да се случи тука, крај него, во собичката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше единствениот што можеше да го стори тоа, само тој и Дуко знаеја да работат со пиланата онака, како што требаше да се работи со неа, и кога веќе Дуко не можеше да дојде со него, тој воопшто не се двоумеше кога се согласи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бевме многу изморени, изодивме голем снег а бевме многу гладни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ставија казан за да варат компири, а тој воопшто не беше измиен.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој воопшто не се сеќаваше на сестра си, освен како на малечко, нежно бебе, секогаш тивко, со големи внимателни очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По неколку дена болката беше толку длабока што тој воопшто не можеше да застане на неа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со оглед на тоа дека станува збор за човек кого претседателот Никсон своевремено го жигоса како „најопасен во Америка” и кому и денес му е забранет влезот во Англија поради „заканата за јавниот ред и морал”, тој воопшто не личи на злосторник.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нешто му дофрли или му прирече, но тој воопшто не реагираше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„А тоа не е крушка, туку чашка“, му велам јас, „и не ти турам повеќе ни капка, доста пиеше“, а тој воопшто, како да не ме слуша!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И во кој дел на Русија останале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но за какво верување стануваше збор никој не беше доволно умен да објасни Дури никој и не знаеше дали тој воопшто имал некогаш деца.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овој проблем беше забележан од извесен број автори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, ако е во право, тој воопшто не застапува ништо со стабилна И одредена смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сметаме дека Дерида застапува извесно гледиш­ те, имено дека расправа против постоењето на присутноста, одреденоста на смислата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Внука мy, му се посакало да е прва, а мене ми се чинеше дека тој воопшто не разбираше колку јaс патам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако тој воопшто прифатеше разговор и ако со тоа авторот не влезеше во некоја од стапиците на Еда коишто никогаш не беа безопасни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)