тој (зам.) - вечерва (прил.)

Таа не знаеше дека тој вечерва воопшто не ја гледал како Јанте, дека за сето време седел долу во бифето на театарот и станал дури кога загрмеле ракоплескањата на крајот од претставата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но ова за кое тој вечерва со мене зборуваше беше толку тешко.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И тој вечерва, посилно од секогаш, ја почувствува тежината на својата самотност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)