тој (зам.) - веднаш (прил.)

Марковски, како посветен синдикален лидер, веќе беше за- познаен со законската регулатива – како за неговите права кои 111 произлегуваат од работен однос, така и за тоа кои се неговите права како синдикален претставник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Без размислување и без да ја контактира трудовата инспекција, бидејќи не веруваше во нејзината професионалност – а по „препорака“ од вработен во Сојузот на синдикати, тој веднаш го информираше Синдикатот на металците во склоп на ССМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се поткренав на столот, но не станав, а тој веднаш продолжи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неговата итрост и рефлекс до тој степен се изострени што тој веднаш знае со кого има работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но тој веднаш со мрштење, како да се гнаси, ја отфрла таа мисла, чудејќи се колку е понекогаш човек себичен и што ли не помислува дури и за своите најблиски и најмили!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вистина е дека ние во почетокот го врзавме Васе, но тој веднаш нѐ замоли да го одврземе бидејќи ни изјави дека вас од денеска не ве признава, не сака повеќе да се дружи со вас, ниту пак името да ви го чуе...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Шо ти е, мори златна, шо плачиш, шо сакаш и шо немаш? — ја запраша Толе и зачека да си ги каже Миша своите желби, кои тој веднаш имаше да ги исполни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога се видов со Жене и почнав да му зборувам за делото, тој веднаш ме пресече велејќи дека е лошо и дека ќе го фрли в ѓубре, одбивајќи да расправа за него.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Всушност, тој веднаш пронајде подобро сместување за своите манипули, но нешто подоцна го ликвидира и парламентот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И само што ѕирна низ гранките, тој веднаш ја крена раката и му даде знак на пашата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само што ги виде и проговори збор-два со Велета тој веднаш разбра кого го има пред себеси и неговото човечко, благородно срце се исполни со тага.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но само што ги изговори првите зборови од песната, тој веднаш им се сврти на пејачките и, гласно, самоуверено, им свика, повторувајќи го со мака зборот: - Фаајрон, фаај...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но тој веднаш се созеде. Се обидуваше да го поврати поранешното расположение. Сакаше да ја смири Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Влегоа во кабинетот на директорот и тој веднаш почна: - Утринава, рано, ми се јавија од кабинетот на Водачот. Предходно се јавиле и во Судот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој веднаш, незапрен од портирот, појде кон библиотеката со сиџилите, во која работеше Татко порано.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко почувствува дека таа го слуша отсутно. Тој веднаш се смири.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа, секако, му беше упатено на човекот чиешто име овде не го споменувам зашто тој веднаш му одговори: "О, да", спокојно рече тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој веднаш треба да ги отепа: да се ослободи навреме од опасноста на нивниот отров, пред да успеат да го отрујат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓутоа, како трезвен реалист, тој веднаш побарал од своите другари во Бугарија по секоја цена да пронајдат друг динамит и да го испратат во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некој друг на негово место не би поверувал, но тој веднаш знаеше дека дијагнозата е точна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе подолго време во себе го носеше сознанието за болеста, без да умее да каже од каде знае.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ЛУКОВ: Па сепак... доста е нешто да Ве потсети на него и тој веднаш јарко да се открие во Вашите сеќавања?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ако од нешто е незадоволен, тој веднаш го дава тоа на знаење.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иван Иванович е премногу љубопитен. Боже сочувај, ако започнеш нешто да му раскажуваш и нема да довршиш!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако му се пожалиш на четничкиот војвода, тој веднаш за ножот - За тебе се бориме, твоја ракиичка пиеме - Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболки не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И нејзината понуда тој веднаш и радосно ја прими.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој ја стискаше цврсто за рака како што давеник стиска спасител и никако не се делеше од неа, а ако таа го оставеше за малку, тој веднаш ја бараше, ѝ викаше да ѝ го чуе гласот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој веднаш ќе му се обрати со отворено писмо кое ќе биде објавено во бројот 95 од 26 септември 1903 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако му се пожалиш на четничкиот војвода, тој веднаш за ножот - За тебе се бориме, твоја ракиичка пиеме.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„ Ве препознав на тротоарот“, рече тој веднаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ме гледа со подозривост, а сепак, ми се чини, само кога би ја пуштила раката, тој веднаш својата глава би ја ставил во неа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тогаш Фред се сети дека онаа голема сребрена маса од дабовина остана зад нас и тој веднаш отрча по неа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А. ПАВЛОВНА: Глупости. Тој веднаш ми ја тутна в раце својата фотографија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, истовремено, беше свесна дека ако таа сега каже нешто лажно, тој веднаш ќе осети. Молчеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но при вториот или третиот стих Пере тивко му шепна: „Се заоблачи, Апостоле“, и тој веднаш ја сврте на „Дуњеранке“, оти влегоа двајца жандарми и дежурниот полициски писар Јачмениќ, кој се врати од Солун и си го зеде пак старото место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во салата надвладеа притаена смеа, што првин го обесхрабри Јагулчета. Но, тој веднаш се созеде.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секој сакаше да се надоврзе на мислата на Игора, но тој веднаш продолжи: - Човекот, пријатели мои, на овие простори, на ова Езеро кое е божји дар, ќе ја докажува својата величина, својата мерка за човечност - само во однос на чистотата, долговечноста на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тогаш всушност почна да се случува, или поточно да се открива настанот што тој веднаш го сфати како крунска потврда за разумноста на неговата зафатеност со наездата на сенките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој веднаш побарал од Јенков да наслика такви девојки и по ѕидовите на другите соби. Но овој одбил.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Која била вистинската причина Јенков да ја одбие оваа понуда никој не можеше да објасни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Штом ќе му викнев: „Буц, бррр, буц, бррр“, - тој веднаш ќе го изостреше погледот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ако некој ја гибнеше некоја овца, тој веднаш беше спремен да ја одбрани.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Му пишав на Никифор, а тој веднаш ми врати писмо да му го смениме името.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неговите домашни го одвраќале да не оди во партизани, но кога разбрал дека јас сум заминала и тој веднаш тргнал.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)