тој (зам.) - брзо (прил.)

Тој е осуден да го повторува овој компулзивен премин поради тоа што открил дека му е тешко да остане топол, и одвнатре и однадвор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На некој начин, тој брзо го загубил своето топло чувство, својата љубов кон себе, карактеристичен знак на нарцисоидна повреденост.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во „Којот: Ја сакам Америка и Америка ме сака мене“, 1974, на пример, живеел и се поистоветил со едно животно -којотот - настојувајќи да ја впие неговата топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Слушај, - додаде тој брзо, се спушти пак и му се внесе дури в лице.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Командантите вршат проверка и сѐ исто велат и повторуваат: - Кој не копа длабок ров, тој брзо ќе си најде гроб...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Штом го забележа, веднаш стана, замавна со бастунот што стоеше пред неа по човекот и почна толку силно да му вика и да му се заканува, што тој брзо се оддалечи, избега...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш тој брзо помина преку теренот за да го земе клучот од бараката за алат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со шоферите и најмногу заради Су, тој брзо го учеше англискиот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој брзо пиеше, таа, непосредна и безгрижна, се восхитуваше, со детски сјај во очите над многуте анегдоти на богословот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш, тој брзо и крадешкум го стивна телевизорот и почна да наслушува: се чу издувување на нос, но тоа беше некако суво и некарактеристично за настинатост.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Чанга, при првото читање, не претпоставуваше дека волкот ќе биде замешан во расказот. Но тој брзо се појави.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)