тој (зам.) - црн (прид.)

И Шаќир како Бајракот не малку се изненади кога го виде Ѓура в град, но овој веднаш им ја објасни работата на обајцата: — Me пратиа војводата и Бешот да и донеса и виа пари; — и бркна во пазамарката од мариовската кошула, та извади и тој црно шамивче и му го подаде на Шаќира.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Врати ми го нереченото, прободи ме со тој црн меч, за нешто неповторливо твое одново да ме врати во младоста низ која заедно со В.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Кажи, го знаеш ли тој пат? ... Во стапиците на оние од Кукулино паѓале лисици, бил фатен и стар, од муцка до опаш побелен волк, еден од оние за кои се говорело дека препливуваат некоја голема река и се доселуваат некаде од Влашко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот- ѕвер бил поитар од животните. Еднаш, ноќе, влечен од алчност, зад гробиштата на селото тој убил свое чукаре и веднаш ја нурнал муцката во пресните дробови на добичето, на тој црн ангел за утрешни ораници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прстите на десната рака како да сакале да исцедат капка од дршката на секирата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто тој црн Онисифор, без влакна само во подмолните очи, носи златна обетка на левото уво?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Момчето, тој црн Џо со тешки железни тупаници, е боксер.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)