Пари нема, а и кога ќе се испросат (што додатно ве отсликува како бедник) и кога ќе го направите тој фамозен културен производ (лош, лош, лош) немате кому да му го потставите, бидејќи ниту некогаш постоела некоја попромислена политика на создавање како на релевантна културна критична маса така и на најобичен културен пазар, ниту сега постои, ниту некој прави сериозни обиди барем во иднина македонецот да се искачи барем за две-три скалила на европските листи на консумирање култура, каде што сме, заедно со Албанија, апсолутно заковани на дното.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Чудно што баш во таа ситуација се присетив дека човекот пред мене се вика Стојан, и што тоа веднаш го поврзав со една мисла на Димитар Талев во “Преспанските камбани” дека сите Стојани во Македонија се дојдени од село, и што, најсетне, дури не по сопствена волја, се насмеав а човекот, не сфаќајќи што ми се мота низ главата само ме прекори дека тука нема ништо смешно, дека вака било, онака било, главно само за тој фамозен ѓон зборуваше, и за тој Шилото кај кого требаше да отидам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)