тој (зам.) - твој (прид.)

Не случајно уште тогаш пред да замине во Маказар, толку му се налути на Јане, кога овој му рече: Не си ти Симон тој човек, друг бил тој твој предок Никола Поцо, за кој ми кажуваш!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се сеќавам, имаше една баба во соседството која кога мајка ми ќе месеше леб везден и велеше Софо дај малку од тој твојот леб...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
П.В.: Мистификатор без доволно уметнички знаења, тој твој Хофстетер, но добро, интригантен во смисла дека придвижува теми, инаку прилично досаден гледано чисто стилистички...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Јас, па војвода! - се противстави дедо Димо. - Со таа ми ти брада, со тие ми ти мустаќи и со тој твој планински стаж, друго име не ти прилега.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само тие двајца можеле да знаат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Тој податок си можел да го добиеш само од мајка ти, од никој друг - рече Даскалов. – Се разбира можеш да го добиеш и од тој твој несуден татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Добро, раскажи ми го најнапред тој твој прв случај - радосен прифати иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Секако, ќе се обидам да се сетам дури и на зборовите, иако сето тоа се случуваше многу одамна, поточно оној ден кога во дворот на училиштето еден од моите соученици ме нарече копиле.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Професорот Даскалов беше присутен и се обиде да ме заштити.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Остави го тој твој дедо нека си почине. Не сме дојдени заради него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Зошто не го побараш тој твој брат Сафет и не го прашаш како нѐ стрелаше од пусија“ и самиот во гнев пелтечеше Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ослободен во набожната покорност да господари и да ги држи дизгините на туѓите судбини, не можел да сфати зошто се буни крвта на неговиот имењак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти велам... - Остави ме. Не можам јас да се расправам и со тој твој Неделко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш виде. „Тој прстен“, запелтечи гневно. „Тој прстен на твојата рака.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Потоа ние ќе враќаме кусур, секоја по еден стап по тој твој вошлив кожув.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти си, Борисе, како извртен минтан. Пред ова беше за другиот Онисифор. Нели сте и роднини?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Што ви е, мачки измитарени? - Мавај, му рекле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И доста веќе со тој твој синџир.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Идам, мама. Ќе стигнеме на тој твој Бах и на тој твој Брамс.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вечер Започнува, продолжува. Меѓу крајот на концертот и првиот бис го најдов неговото име и патот. Плоштадот Владас, мостот на пазарите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Чудно, - рече, - ајде читај, да го чуеме тој твој чуден состав, Леме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вчера, вчера, кога врната крв не ги изми црните гревови, тој твој долг и распашан појас во кој заденуваш кама на бесна смеа, бесен вепру.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бидејќи не гледам никаква логика во тоа тој твој некогашен близок пријател да врши „пиратерија” врз твоето дело!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Кој ќе го најде тој твој светец?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дојди, не плаши се. Со тој твој камен стори го своето.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За да си го покрие злосторот, тој твој Борко, за да си го покрие злосторот, убиецот, го гтотопи Долнец, викал кон Лена, сега веќе скршена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како кој? Па тој твој Борко! Да не не знаеш случајно?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И тој ли е тој твој маж?... Тој убиец!... Заради него ли ти ја чуваш својата чест?...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да, можеби понекогаш кај луѓето предизвикуваше внимание со твојата истоштеност, но јас, која те гледав секој ден, бев навикната на тој твој лик и знаев дека правиш падни-стани, ќе те фати слабост, изнемоштеност, но потоа пак ќе се подигнеш - како некој феникс.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Накусо, заклучи Летка, - „јас конечно сум роднина со тој твој Едо Бранов од Монастири. Или претпочитам да бидам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А да. Ова што го пишуваше за „Таа“, за тој твој Алис, не е баш толку лошо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Можам да замислам колку е вџашен граѓанинот М.Н. (тука намерно употребувам иницијали) кога ќе се прочита, со сопственото име и презиме, во „лева“ улога во некој си таму расказ.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нема да се влечеш по цели ноќи со тој твој десеттонец.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вие, вели, со камионите само ту-ту ваму ту-ту таму, кокошка на пат ќе згазите сосе пердуви ја јадете, та затоа газиштата ви се толку дебели.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Чуден е тој твој Господ, велам, што ти се јавува да направиш столче а божем останал негде далеку и овде го нема“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој твој Иван Степанович не е чесен човек, Семјоне“, му реков в лице иако не знаев за каква фирма се работи и каков мајмун ќе треба да изигрува татко ти и тоа во генералска униформа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа не значи дека не беше преку секоја мера тврдоглав тој твој татко, Козакот Семјон Иванович!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За што ќе се зборува во тој твој роман?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Саше, ајде, те молам, не занесувај се, - свикав, - здодевен си со тој твој театар, само на него мислиш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- А, што има на тој твој Пелистер, и зошто одиме? - го прашав дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Добро де, - нетрпеливо ми се вдаде Саше, - со тој твој шанк главата ми ја пукна, и нервите ми ги искина.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мамо и ова го излажав. - Има ли нешто што е вистинито во тој твој состав? - праша таа. - Има. Еве слушај.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Море каков автобус, ти луда да не си? Земи такси.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Леле, Адо, кој сега ќе се влечка докај тебе со автобус, џенем е тој твој Аеродром! А и многу е жешко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ајде, јави се веќе еднаш на тој твој газда и кажи му. Ајде, те молам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)