Кога застана на вратата, соочена со тој тажен остаток од мајка ѝ, очите одеднаш ѝ се наполнија со солзи од болка што никогаш дотогаш ја немаше почувствувано.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се колнам, точно во тој тажен и многу жалосен час, во мигот на разделбата на топлото буниште видов како еден млад, бесен петел со премногу впипрен китик ѕверски налета на едно кротко коковче што ситно со ножињата си чепкаше по гнојчето и, ни пет ни шест, бесрамно го пови под себе, ама, за едно секунде, само окото што ми трепна, проклет да бидам, тоа не рече ни грк!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој тажен го почувствува припекот на сонцето и го виде шишето во вирчето под кладенецот како, нишкајќи се, плива по површината.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Грубо и весело ги одбиваше тој тажните исповеди на Арсо и го забавуваше со интересни истории, не оставајќи го да се предава на своите нездрави размислувања.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)