Имаше во тој нејзин гест, во таа забрана да читам љубовни песни, нејзе посветени (а сепак анонимни, оти во ниедна песна што ѝ ја испратив јас не ѝ го споменував името, и таа добро го знаеше тоа), имаше велам, нешто нечовечко, нешто политичко, оти не можеш никому, со никакви, освен со средства на моќ да му забраниш да ти дава!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се разбира и нејзе и бев рекол нешто што требаше да значи дека сум зачуден од нејзиното решение да почива токму таму, на тумбата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури и ако сакав не знам дали ќе можев тој нејзин избор, тумбата, да го потхранувам со некои други значења?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зарем сите вакви постапки не го поткрепуваа оној мој впечаток дека таа го претпочиташе притаениот пат на сенките додека ги водеше своите стравувања низ честакот од дилеми?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кого требаше да го исплаши или барем замелуши тој нејзин облак на привидувањата?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Накратко, класната, расната, етничката, сексуалната и родовата политика на филмот е прилично ужасна.
Тие политички петна, меѓутоа, не го смалуваат естетскиот успех на филмот, особено кога се гледа со правилна дистанција и иронија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Прифаќањето на Најмила мамичке од страна на машката геј-култура ги поттикнува геј-мажите да ја заземат таа абјектна положба, при што иронично ќе си ја присвоиме, идентификувајќи се со таквата разулавена женственост, истовремено одбивајќи да ја сфатиме буквално – со што ѝ се опираме на склоноста на филмот да ги третира жените како место на некоја чудесна, страшна, демонска другост, како носители на опасна и разорна емоционална претераност која, наводно, им била само ним присушта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, нема ништо иронично во таа иронија: таа, како што тоа си оди со иронијата, е сосема сериозна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Барем за машката култура, вистинската политика на филмот лежи во неговата естетика: неговиот стил го надминува она што го пренесува неговата видлива порака.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ниту, пак, се обидуваше да имитира дрег-кралица кога ја прикажуваше Крафорд, дури ни кога таа нејзина кабуки шминка ѝ го претвори лицето во нешто како маска, ни кога вулканските ерупции на бес, самосожалување, очај и емоционална потреба по правило создаваа толку бизарен и толку недостоинствен телесен израз, што да биде неусогласена со конвенционалното женско отелотворение. Ѝ се оставило на машката геј-култура да ја усвои таа нејзина изведба и ни се оставило да си го запоседнеме за себе тој нејзин спектакуларен неуспех да го додржи сериозниот, моралистички приказ на една длабоко растроена и дисфункционална жена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Џоан Крафорд сосема доминира со видното поле, а секој нејзин зрачец чувство – незаборавно забележан со беспрекорната глума, со мајсторското осветлување на нејзиното лице и на тој нејзин дивен тен и со сјајните камера и монтажа – веднаш и речовито му се телеграфира на гледачот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Феј Данавеј, од друга страна, не е дрег-кралица.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ФЕЗЛИЕВ: (Ја гледа. Отспрвин не ја разбира, но кога ќе ја открие нејзината намера и уште повеќе јаловоста на тој нејзин обид, тој ѝ се обрнува веќе мирно и смирувачки.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Го гледаа како се слеа со полето, како потона во таа ноќ, како се спушти и над него тој нејзин плашт од сината месечина; гледаа кон таму се додека беше возможно да се забележи барем некое најмало движење на она место, каде што се искри од нивните погледи во темното зеленило, а после сите молчејќи се враќаа во своите легла, изморена и претепани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Управничката на градинката нѐ начека во занималната како се гушкаме, а тој нејзин прекор беше причина мојата прва голема љубов да пукне како балон од сапуница.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се исплаши ли тој од тој нејзин предлог?
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И на сликата ѝ се гледа тој нејзин - душолик: зрачи од него нејзината душа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Одеше по тој нејзин мирис како дивеч по женка и уживаше во нејзиното бело, како млеко тело, кое многу години не видело сонце и кое сега, ослободувајќи се од панталоните и кучешкото елече на себе, го откриваше сиот свој раскош.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И тој нејзин јасминов мирис сега почесто се мешаше со мирисот на неговото тело што му избиваше од мишките како кај мажјаците при парење.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Од каде можеше судијата да знае во какви услови беше доведена во семејството на тој нејзин маж?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Подоцна, вечерта, ѝ ги галев рацете сè додека не се појави месечината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Беше подзастаната. Оставаше впечаток дека всушност си ги набројува тие свои предности, а јас, уверен во ваквите нејзини размисли, всушност само ѝ помагав во разлиструвањето на тој нејзин тефтер.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Никогаш не ѝ го простив тој нејзин каприц да се покажува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да ги движи нозете надвор од оние крпички што одвај ја прекриваа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Секогаш истото! - гласеше тој нејзин излив од далечните темнини: - Кога ќе го сторам тој чекор за кој сум сигурна дека нè приближува наеднаш забележувам дека токму тој нè оддалечил.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ми помагаше лицето на Катерина. Навистина си вообразував дека нејзино лице е читлива книга!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таа ме одведе во нејзината соба, го отвори црното тефтерче и ми прочита неколку куси реченици нашкрабани со тој нејзин неразбирлив ракопис.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јас се восхитив од тој нејзин Љубе-Шеќер.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Договорено, - се насмеа таа, ја крена главата, погледнувајќи ме право в очи со тој нејзин прекрасен син поглед.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тета од болести ужасно се плаши, а татко ми има обичај да ѝ рече дека тој нејзин страв е „чиста патологија“.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Немој Веданче, немој мило, - ме прекори Тета со тој нејзин мек и пријатен глас кој, иако не наредува, не може да не се послуша.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ми објаснуваше дека тој нејзин маж нема да се врати, па таа останала сама со децата и не сака ни да го види веќе, а камоли да живее повторно со него.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Потем во еден момент го сврте погледот кон него, погледите им се сретнаа, Едо стана свесен за сјајно пепелавата боја на незините очи и се најде во тој нејзин поглед како врз бездна во чии безпределни длабини тонењето е неизбежно...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сепак чиниш Су подобро го знаеше неговиот јазик одошто тој нејзиниот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пелагија, доејќи ја малечката Пелагија само се насмевнуваше и од тој нејзин насмев темникавата одајка стануваше посветла.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тој нејзин наклон кон жените и јас малку го забележав, ама уште не ми се верува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еден понеделник, на неколку дена пред почнувањето на тој нејзин Кански фестивал таа се врати од работа, се пресоблече и седна на троседот во дневната на кој јас се бев испружила гледајќи цртани филмови.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Престанете и двајцата и кажете ми веќе еднаш што се случило!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Е, сега претеравте – згрме страшно со тој нејзин глас од кој, кога е навистина многу лута, коските ми се стресуваат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не дозволува никој да и го допре тој нејзин „свет”, а секој предмет има своја приказна или историја, со која е поврзан.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не забележав ништо необично во нејзиното однесување.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Види каде го имам ставено твојот прстен? Во моето руско скровиште!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ми се чини дека ако нешто ѝ е важно во животот тоа се тие нејзини слики и цртежи, тој нејзин волшебно возбудлив свет во кој таа е вистински господар.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
За среќа се покажа дека Фрањо не бил заинтересиран за нејзината уметност, па откако се уверивме во тоа, повторно се вративме на претходната тема. Темата Мартин.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)