Од друга страна, може да се замисли едно, што поради меланхолија што поради ветрот што сосредоточува и распрснува во еден ист момент, избледено говедце (Пандалф?), во црна сомотска наметка опшиена со ѕвончиња, како, налик на Херекле речиси збудален од љубовта кон адската Мелеагрова сенка, талка по, да речеме, асфоделските полиња, изложено на невидливиот „ветар што ги свива само сенките”, и на тој непрекинат самрак во кој одразите се двоумат како слабо привикани духови, останувајќи заглавени во, според Вергилиј, вратата од слонова коска, вратата од рог, немоќни да отидат било каде.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)