Ниту се борев со него, сили немав, ниту предизвик ми беше тој непознат порив, што сега не ми е важен.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Зарем можела некои мои постапки да ги протолкува како подршка на идејата за другото време, за крилата, што ќе ѝ помогнат да го посети тој непознат свет што одамна беше нејзина опсесија?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се плашев дека моите совети, што не беа ништо друго туку поигрувања на духот, можеле да потхрануваат кај неа такви чудни замисли? Не сум сигурен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
— Кој е тој непознат човек шо сака да ми помогне? — праша Најдо и се протегна да ги размрда мускулите, да му се раздвижи крвта, бидејќи ете, неколку дена како лежи во темната јама без воздух, без светлина, бетер од оние во прилепскиот затвор и во Катилане во Битола.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Значи јас сум подбрканиот и секогаш сум во очекување на тој непознат настан кога и вистински нема да ме одмине многу спомнуваната горчлива чаша од Новиот завет и тоа само затоа зашто негде сум го спомнал мојот необичен сон.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)