Тоа беше речиси сѐ на што потоа Ливајн се сеќаваше, тој необичен атмосферски ефект на сивото сонце над сивото мочуриште, мирисот и впечатокот што воздухот го оставаше.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Сфатив дека нашата персонална „реалност” е мошне зависна менлива, исход или продукт на чинители кои, како што изгледа, не зависат од оваа „реалност”, туку постојат во некоја независна „реалност”, која делува врз нас, но е вон нас.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
- Ја сфаќам сега, - реков, и за првпат тој необичен град на мртвите што се простираше пред моите очи, така застанат на ритчето крај гробот на дедо и баба, престана да ме вознемирува и растажува.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Уште не го беше преболела тој страшно болен факт, кога истиот тој необичен поштар, нејзе непознат, едно утро повторно дојде кај нив. Со ново известување.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Неколкуте минути на тој необичен хипнотички експеримент го продлабочија моето чувство за мистеријата на заемните врски помеѓу физичките дразби и нашето искуство за нив, за вкоренетоста на сетилноста во менталното устројство и рамка, за моќта на социјалната динамика и структура, на нашите лични врски и робувања, да влијаат врз, дури и да ги детерминираат, нашите верувања, мисли, осети, перцепции, чувства, конструкции и однесување, до граница чие определување е невозможно.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Може ли и каде да се избега од совеста, тој необичен тиранин?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)