И кучињата и момчето, изморени од тишината во која изгледаше дека се слуша само паѓањето на снегот, ги наострија ушите, фаќајќи се за тој ненадеен крик како за нешто многу интересно, нешто многу пожелно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не беше ни свесен дека спиел додека не сфати дека само малку пред тој ненадеен миг на освестување не ни знаел оти чекори.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)