тој (зам.) - невиден (прид.)

Некое нестално чувство на жизненост одеше рака под рака со откритието, до кое непрестајно одново и одново се доаѓаше во сите тогашни урбани лезбејски и машки геј-заедници, дека хомосексуалноста не е нераскинливо сврзана со родовиот неконформизам, дека лезбејките и геј-мажите се и можат да бидат „нормални“. ‌Небаре за да го покажат и за да го драматизираат тој невиден пробив, толку неверојатен, а, сепак, толку вистинит, геј-мажите главечки се залетуваа во колективниот проект на нормативната геј-пројава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој миг сакав да го убијам тој невиден простак; во тој миг ми се згади и од Луција; веќе ништо не сакав, во мене имаше само гнев; тогаш, пред вратата, првпат помислив дека најдобро е да се замонашам, да си ги отсечам на еден симболички начин гениталиите поради кои страдав, да се самокастрирам, да ги оставам сите овие влекачи и инсекти околу мене да се плодат и да се размножуваат до бескрај; своите песни да му ги испејам на Бога, а не на лукава и притворна жена, или на некој дволичен Хор; сепак, чукнав уште еднаш, но тој поворно не одговараше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)