тој (зам.) - мудар (прид.)

Црниот Пандил матно објаснил дека има жолтици што одат од човек на човек како летна, онаа упорна и добиточна мува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А слободен сум да помислам (ни испраќа тој мудра поука) дека и вам стравот помалку ќе ви тежи а сонот поблаго ќе ве казнува кога ќе ги изнесете пред безобѕирните натрапници Господовите зборови на разумот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знаел дека го слушаат - сега е тој најмудриот, во него, заедно со желбата и самиот да е голем, расне самочувство што нема граница на траење: жолтицата пушта во луѓето жилички, им го копа дробот, пие крв, лока и сплинка и пуздра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навидум сосема недолжно, онака милозливо и наивно, тој велеше дека, ете, во писмата на Павле, тој мудар и учен човек, имало и такви работи кои биле тешки за разбирање, та неуките читатели понекогаш ги извртувале.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)