Имам чувство дека расказите на Марта ме извлекоа од тој моќен вител барем за миг.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Бојан го разгледуваше тој моќен трупец, чудејќи се што неволја, што болка го јадела дрвото та така искривено, така свиткано и усукано растело.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Царот Јуан не се ни помрдна. Го гледаше Големиот Ѕид како исчезнува во оддалечените, замаглени ридови; таа величествена змија од камен што се извива долж целата земја, тој моќен ѕид што од дамнешни времиња ги штити од непријателските орди и им го осигурува мирот за неброени години.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Дали тој моќен, примамлив свет од кој нештата не можат да и го одделат погледот (како обземениот Нарцис од својот одраз во водата), ќе го наречеме чудо, фантазија или постоење?
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)