тој (зам.) - малечок (прид.)

Не ти даваат само часовник, среќен роденден и се надеваме дека ќе ти трае бидејќи е добра марка, швајцарски; не ти го подаруваат само тој малечок вајар ОБУКА ЗА што ќе го ставиш на раката и ќе шеташ со него.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Отидовме да го гледаме на сцената на Ахмансон, прашувајќи се каде ли воопшто ќе го сместат оркестарот во тој малечок театар...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тој малечок воопшто не сфаќаше дека она, што се случуваше надвор, беше само еден сон, само едно потсетување и само едно парење, кое допрва требаше да се носи низ утробата на шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Та единствениот празник во сето она негово глуво чекање беше мислата дека го имаше спасено токму тој малечок живот и тој сега, последната негова утрина во Белата Долина, во оваа дивина наоколу, никако не можеше ни да помисли да го оскверни тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не мислеше сега веќе на ништо друго, тој малечок бегалец од дивината, за него постоеше само вкусот на дланката на човекот, тој продолжи само да лиже и да фрцка со своето кусо опавче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше толку задоволен од сето она, што му го имаше донесено во неговата собичка тој малечок гостин, што неколку пати се исправаше од леглото само за да го погледне уште еднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не бев постар од пет години, но и денес се сеќавам како тогаш тој малечок човек се советува себе си додека се наоѓаше во смртна опасност дека ако успее да застане на нозе и ако продолжи да оди напред сигурно многу брзо ќе излезе на другиот брег на ѓолот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И така, од тој малечок збор изградив еден иден модел за себе кој беше само моментална инспирација, circulus vitious.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сите соби светкаа розово од љубовта на тој малечок ангел... а срцата лудо разиграно си шепотеа во ритмот и стилот на прекрасната пеперутка со свилени и раскошни хаљини...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)