Во сефардскиот печат, дури и во умерениот „Ел Тиемпо” го напаѓаа за неумерено покачување на рабинската плата, а уредникот Јицак Давид Флорентин, еден од угледните личности на Солун што ги запозна уште при првата посета на градот, дури без стегање напиша еден текст од секташки позиции: изворот на арогантноста - ѝ поминува низ мислите текстот што најмногу ги здоболе и Цви и неа - е ашкенаското потекло на главниот рабин; таму, според тој луд Флорентин, лежи причината за тешкиот, автократски и нееластичен карактер на главниот рабин, додека без срам потаму пишува дека „ние Сефардите сме луѓе со слатка, флексибилна и добродушна расположба”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Цви веќе цврсто ги држеше уздите на власта, а таа силна запрега тој ја тераше во ризичен трк, опиен од слободата што, за разлика од Жешов, Виена и Берлин, тука широко му ги отвораше своите простори... Таа знаеше дека дел од критиките се точни.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не ќе го речам ни сега, а вие, поради сето тоа, треба да сте благодарни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кој е, ре, тој луд, будала и врлав да работа и малку да добива?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кој ли беше тој луд што ги сместил бегалците во Прењес, токму на патот каде секој ден поминуваме со ранетите?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Да, и тоа можев да го речам... Но ете, не го реков.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Точно е дека ништо не видов, но точно е и тоа дека можев да се досетам подобро од секој друг како дошло до несреќата и кој го испратил тој луд Ракоткин да го среди нашиот Ролан Јаковлјевич! И која била причината!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)