Ако безусловно би сакал да ја дефинирам модерноста - но јас си ја скратувам употребата на тој искривен поим - сигурно не би ја означил модерноста како не-метафизичка или транс-метафизичка, туку спротивно, како мошне метафизичка. Во што би се состоела метафизиката или метафизичкото на модерната? На пример во јазичната пракса на информацијата, комуникацијата и технологијата на информации се претпоставува интерпретација на јазикот што е карактеризирана со метафизика: односот кон знакот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)