тој (зам.) - далечен (прид.)

Но, каква врска има таа со тој далечен и нејасен човек?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Добро, втаса дури до тој далечен Крим“, му се обраќам на татко ти откако му ја напунив крушката со ракија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Рано е: дрвјата за’рѓале таму, при врв, каде што ветрот ги шиба, тој немир тој далечен дах на претпазливиот септември.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ уште ретките живи сведоци го паметат тој далечен, кобен чин на омразата, подлоста и неизбришливиот резил, но обессилени од стравот, немо го врват патот долж ’рѓосаната бодликава жица...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во таквите ноќи, наслушувајќи го тој далечен звук кој напати не се разликуваше од другите шумови на градот, но напати одекнуваше многу јасно и чисто, дедо Симон ги развиваше старите поморски карти на Медитеранот, полни со ознаки на морски струи, пристанишни податоци и точкесто назначени патишта на парабродски линии; ги одвиткуваше картите на Турската империја, кои беа свиткани наопаку, бидејќи југ со светите места на исламот им беше горе, картите на Балканскиот Полуостров издадени во Франција на кои Македонија, Албанија и Грција спаѓаа во Блискиот исток; тука беа и лажните карти на санстефанска okno.mk | Margina #26-28 [1995] 136 Бугарија, источни и бесмислени, картите на балканските земји работени за потребите на Ватиканот, на кои сите називи беа на латински и териториите поделени според црковните диецези, како и картите на Македонија издадени од автстроунгарскиот генералштаб, работени според несигурни шпионски податоци.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)