Веќе беше кај Бак и го галеше по грбот, а тој весел, весел, од радост не знае што да прави.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Глупаво кучиште – си реков – што белја направи, а сега како ништо да не било.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Учеството на Рајна во тој весел живот на Генералот би бил значи само беззначајно делче за кое не чини дури ни да се размислува а камоли да се преземаат некои непромислени чекори, и дека Рајна всушност и прави услуга на својата пријателка Трајчеица наведувајќи ја на вистинската трага, или уште поточно, на вистинскиот пат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)