18. Времето се грижи за зборот зборот што го обновува Тој што му длабеше во корењето го гради доградува и виши во куќата на светот Вербата штира не е Ни неверен е зборот Убавината да му се верува на надежта е врсник И онаа земја иловица густа раката што му ја памети се врти врти и понатаму во лика нова нудејќи ја светлината нова на говорот ризата небесна нитките што ја ткаат на несвенатиот збор И уште и натаму сега од пределите на глината над запомнатата стреа продолжува тој кон муграта да гледа со стрептеж незгаснат за повтежот на говорот да го досегне реченото
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Госпожа, - се сврте тој кон Чакарвелика.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Јас, како што настапувам, го прифаќам ритмот на музиката и самиот се движам бранувајќи се, скоро не газејќи по подот, речиси лебдам кон Претседателот на Републиката а и тој кон мене.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во текот на првата средба со психијатарот, тој кон него почувствувал жесток презир.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Дурун орда!“ извика тој кон Турците и се нафрли врз попот: „Шејтанот со вас, ѓаури! Ајде назад, оти ќотек ќе изедете!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Како ќе се однесе тој кон таквата вест?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ако ништо друго барем да го ослободи од непотребната загриженост, а и од обврската што ја чувствуваше тој кон неа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Потоа, ако одиме по ред, какво е тоа однесување: во онаа збрканост и мешаница што се случила на пристаништето да си го остави детето само на улица, па дури и да му го покаже патот кон првиот брод!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Можеш ли да ми одговориш, се сврте тој кон мене, кое било првото прашање што си го поставил Адам кога се нашол во надворешниов свет во кој ќе треба самиот да одлучува а притоа не му се дадени или нема при себе никакви упатства и елементи што ќе му помогнат да донесува одлуки што ќе го поведат по вистинскиот пат?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- А ти? Што ќе речеше? – се сврти тој кон мене?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)