тој (зам.) - шум (имн.)

Тој шум, сред оваа неначната тишина, добиваше размери на експлозија и за сѐ живо, а притаено во долината, беше настан, беше напнување на слухот, потреперување на срцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По ѕидот на тој шум се лееја бели и блескави порои на огнопади и беа празнична извидница на утрешниот ден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој шум ни беше познат: меѓу два влечкави чекори се слушаше и еден ѕвечкав, светол, метален звук - бастунот на дедо Симон ги испитуваше нерамнините на патот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Од тој шум и од студенината на стаклото и од допирот со босите нозе на набиениот земјен под, на Коча му станува поарно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бидејќи сите тие дрвја, тој шум, сето тоа е дел од мојата работа, дел од мојата радост, дел од мојата среќа, дел од мене самиот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)