тој (зам.) - шепот (имн.)

Деловите на полегнатите човечки стави како да биле поделени на студени и топли зони и додека стомачните мускули им трепетеле на тврдата земја, преку тилот и меѓу плешките им се разлевала морничава врелина, и некој, едниот или другиот Онисифор, мислел дека крвта бара пукнатина на кожата да шибне како црвен знак и да му се придружи на сонцето со брзина на светлоста ослободувајќи се еднаш засекогаш од кожурците на глупавата препаленост, на страдањата и искушенијата што некогаш биле склопец на животворен течен мерџан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина не знам до каде втасува тој шепот што не треба никого да вознемири ).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ќе влеземе ли заедно?“ „Не“, се слеа со тој шепот и шепотот на другата сенка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Еве ги! Тие скоро и неизговорени зборови, тој шепот не посилен од шушкање на суви лисја, ги намалиле луѓето по засолништата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)