Сакаше тој час да ја истури пред татковите книги сета насобрана зборовна материја, сѐ што му се напластило во душата, откако се видоа последен пат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас дури не ни бев во состојба да забележам сѐ што се случуваше во тој час, но паметам дека, кога се затемни, еден по еден или во мали групи, вревејќи, заминуваа, а јас останав сам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како желка што ја пика главата в корупка кога ќе ја чалне некој, а после претпазливо ја вади надвор, иако можеби во тој час напаѓачот стои над неа со кренат стап и чека да ја трасне по глава, така и Пискулиев, по првиот уплав, почна да поднаѕира зад рамената на другарите и да се разгледува по дворот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Како што му се фрлив во босите нозе, се заниша и се струполи на плеќи.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тој час не можев ништо да се сетам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Бев свесен дека е посилен од мене, ама тој час ми дојде некаква чудна сила и сигурност дека ќе го победам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тој час во прозорецот удри со писок изгладнето врапче.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Добарден, кроко, - весело викнав. - Како си?
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Тој час можеби сакав да избегам или да нацртам пред себе голем ѕид, но не го сторив ни едното ни другото туку најљубезно реков: - Еј, кроко, ситно око, ти носам ужина - “најубаво јадење за крокодилите“.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Албанците, гологлави, пристапија со почит, со раце скрстени. Тој час најстариот се доближи и вземи удри очи па прошепна со искрен глас: И везден ти да плачеш, имаш зошто.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Отсекаде се чуја плачови и пискот силен, и чиниш, овој народ клет тој час го оплакуваше со својот лелек вилен најсвидното на овој свет.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Тој час исчезнуваше, час се појавуваше, со денови го немаше, во мигови го имаше. Што правеше, никој не знаеше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ете тогаш, во тој час, по Градишки Пат се зададе еден коњаник и на жителите од Потковицата им го сврти вниманието на себе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој час некој или нешто се засенува од таа страна на прозорецот, потоа тивко и претпазливо тропка на џамот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не знаеше: ја демнеа, и таа во тој час не можеше да ја разбере смртта, од која скоро ослепе и оглуве.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Волчицата почна да се прикрадува кон трлото, полека, нечујно, речиси не допирајќи се до земјата, за да не биде пак изненадена. Но знаеше, ја демнеа, и таа во тој час не можеше да ја разбере смртта, од која скоро ослепе и оглуве.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Од тој час дејствуваме сложно и брзо.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Чуновите на кои лежеа со чинки на очите довчерашните ловци на робови ги одбутнавте од брегот кон реката.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се колнам, тој час и родината мајка не би ги распознала.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Проклет да бидам, а толку сакав тој час да се продолжи, да погледам во слаткото буниште.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Е, другар, - рече Кејтеновиот син со такво чудење што не можеше да ја запре смеата што му надојде тој час.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се колнам, таа нас нѐ препозна, таа нас тој час нѐ препозна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не ти е умот во неговите можеби поучни, корисни зборови, не оти го слушаш тој час, ти просто го гледаш како те краде, како лакомо сѐ следи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Проклет да бидам, тој час тој не беше тука, беше отпатуван.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Немаше дете тој час што не се помести од стројот, што барем еднаш под влијание на Трифун Трифуноски не замавна со рака.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Фашист! - Смрт! - Ти убиваш, колеш, бесиш! - Смрт ! Сите негови карактеристики тој час паднаа во вода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Секогаш кога ќе видам изулавени птици, раскрвавени луѓе, спржена вода, пожари, испустени полиња, мртви напуштени села, пусти, глуви патишта, бела, кратка секавица, знак за суша, редици луѓе, строј, проклет да бидам, мислам, во тој час некој се дели, човек од човека.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Признавам тој час и моето срце не беше многу мирно, ме опфати силна возбуда, никако не можев да го совладам, бев присилен да викнам: - Да живее! -и некои други големи работи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Утредента, откако го ловеа, или по една година, не знаеше кога дојде тој час, го посетија двајца болничари и му открија дека челата им се пониски отколку што мислеше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Сакиин дурунус!“, се слушна високиот глас на онбашијата, и вревата тој час секна.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Гласот беше тврд и предивикувачки и можеше во тој час да се разлее во широка смеа - „Јас, на зајак. Избега.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од тој час секој ден умираат приказните. Со стострука смрт.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Знаеше дека има бел отров во очите како оној што личеше на брест, како поднаредникот без веѓи, како тие двајца во оној ден пред тоа на планинскиот пат; знаеше дека нема право на тој збор но уживаше во дрскоста и мислеше на трите маслинки во паркот;и знаеше дека во ова студирање без сведоци може да остане само еден и да биде од тој час псамен патник на планина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Можеше и да ме повреди додека се затвораше!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Така е сепак подобро - дошета уште еднаш до мене непознатиот глас и во тој час тресна некоја врата која изгледа стоеше пред мене; зјаела пред моето лице а јас дури сега ја видов, и тоа затворена; некоја врата која изгледа висеше обесена во воздухот!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На Господ, на тоа кодошче му зборував за Грофот; изгледа сакав да го изненадам , или, ако е можно, да ја поттикнам во него љубомората!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се сетив и тој час се препотив.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но тој час, од ливадата пред него пукна пушка.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И родила змија. Зашто тој час кога го донесла на свет Лумана – умрела.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тој час ете ја и ќерка му – ручек му носи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Му се дожали на татка му што му е детето така невесело и сожално го прегрна Мартин тој час удри да плаче, да се тресе целиот и одвај да вели: - Тате, сладок тате... децата... децата... јатаче ме викаат...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тој час се намуртија и двајцата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Чорбаџи-Дико знаеше сѐ за Бошка и затоа, кога овој седна спроти него, не го дочека ни да почне да се поплакува, туку си сркна од кафето што тој час му го донесоа момците и офолито, со потсмев во гласот, му рече: - Зарем на еден Лумана најде да му одмаздуваш, бре главо будалска.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Толку сликовито ги претставуваше тие жени, што веројатно постојано ги сонуваше, како тој час да станува од креветот и да излегува од ноќта што ја поминал со некоја од нив".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Точно е: сѐ она на што помислуваше Рајна можеше да се прифати не само како претпоставка туку и како веројатност.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И у тој час пратиле хабер на царо, и сами пошле да идат тамо.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
И ти се молим, какво прочиташ таја моја книга, у тој час да ја убиеш сос децата заедно.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Тија дјаволи ни обиколиха како пси и ни запреха, и у тој час донесоха пред мене сичко многу јадење, и што бех јала скришно, и што бех јала рано па Богу не бех се помолила ни прекрстила.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
У тој час го бил дјавол, тоја што бил како воин, и едва остана жив.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
И тој час ја зедоха свјатиј ангели у своите руки.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
А он тој час го обогати и му чинил измет, ама му се показувал како воин, и сè што сакал му давал на руките.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Посака да ја фати за рака, ама тој час баба Анѓа ја отвори вратата: „Ајде убави на баба, баба има колачиња.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
МАТЕЈ: Никој ништо не ме научи. Никој не ми кажа што е добро, што е лошо. Не бев на тој час.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Живеете кретенски, хипнотизиран, малограѓански полусон и чекате откровение, чудо, се подготвувате за големиот час кога вашиот живот конечно ќе започне, а сѐ повеќе се сомневате дека тој час воопшто ќе пристине.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Камо ли да дојди што поскоро тоа време, тој час кога од себе ќе ги истресите овие вошливи блузи и панталони и ќе е облечете како што им личи на девојки...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Што поскоро нека пристигне тој час кога пак ќе бидете девојки, а ние кутрите ќе лудуваме по вас.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во секој случај јас и не паметам како тие се сложиле околу таа работа за која сборуваа зашто тој час се случи нешто друго.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)