Кога му дојде мисла оти покрај жена може да го обрадува и со некое детенце, за малку што не рипна од постелата да го зграби дедот Петка и да летне, да ја земе Доста и да се најде дома каде ќе го гледа тоа дете, ќе го хране и подига, ќе биде и тој татко како сите среќни луѓе, ќе се радува на тој негов створ и ќе умре на неговите раце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој како по команда продолжи: - Кој Ви е тој Татко – заштитник, па Бог? Сеништа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Чувствував дека сум сѐ уште многу мала, а тој татко ми ме исполнуваше со стравопочитување и знаев дека самиот ќе реши онака како што е најдобро.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Мајмунчето очигледно помисли дека е тој татко му, откако сигурно пред тоа си го загубил некаде низ шумата.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Потскокнував кога го здогледавме татко ми од далеку како доаѓа, со два сладоледа од автомат, а сите соседи му честитаа: трето, па машко... а ние добивме сестричка! Шерет, тој татко ми, ги зезна сите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
* Од него, од тој човек, на сите страни се пуштале ластари и тие што биле негови синови и внуци и синови на тие внуци плаќале данок како берачи и продавачи на тутун, афион, шеќерна репка и памук, како колари, јажари, самарџии, ковачи, воденичари, гробари, управители на пошти, пандури, архивари или ја заборавила ораницата зашто станувале металци, обликувачи на порцелан, попови, готвачи, прекуокеански печалбари, но тој татко, дедо и прадедо, Зафир Јосков, бил поп, распоп и солунски продавач на мирудии и малоазиски мелеми и пак поп во неколку села под востаничкиот град на Питу Гули, на Никола Карев и на другите, да ги спомнеме без патетика.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Истиот тој татко, јас сум сведок на тоа, кој ниту еднаш не ја посети Лена во породилиштето кога Стефан се роди, додека на другите родилки мажите, тукуречи, им спиеја под прозорците на породилното одделение, згора, значи, на тоа, го испрати својот шофер да ги земе од болница.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Ти се допаѓа Ада? – го прашав директно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ај не бастај – го имитираше тој татко му Коче. – Од што да се уплашам?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И, се разбира, откако момчето веќе решило да си бара татко, зошто да не биде тој татко и личност со име и со презиме! А ако е можно и со функција?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кожинката тврди дека и во оние разговори, од кои не се водени службени белешки, момчето ги повторувало податоците изнесени во официјализираните изјави.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Јас навистина го разбирам!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ранетиот се сети дека е тој таткото на малиот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Ајде, чедо, легни си... Не е тој татко ти...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)