тој (зам.) - султан (имн.)

Овие симпатии и додворувања на “крвавиот“ султан од страна на една христијанско-православна земја, којашто само пред 6 години го вкусила горчливиот пораз од војската на истиот тој султан (Турско-грчката војна во 1897 година), предизвикале вчудовиденост во Европа и принудило некои елинофили остро да реагираат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислејќи дека е тој султанот, уште од вратата попаѓаа ничкум и ги удрија челата од подот. – Правда и милост, честити царе! – проговори мирно поп Димитрија по турски и ја исправи главата, та се загледа во везирот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)