тој (зам.) - страв (имн.)

Извивајќи се, тој се измолкна од прегратката на синот и скокна низ прозорецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но тој страв долго не го напушташе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Некаков страв длабоко во нив ги раководел нивните души, па тој страв уште пожестоко се пренесувал и на нивните империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во конкретниов случај тој страв го нашол својот израз во, како што и самиот збор вели, стравопочитта спрема институцијата професор, како инстанца на авторитет, кон која студентите се однесуваат исто онолку недискутабилно како што, како општествени субјекти, се однесуваат и кон другите општествени и политички институции.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој страв, напати, го разнишува, уште повеќе, го разурнува просторот на мојата митопоетска концепција.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но сега, кога тој и рече дека ќе гледа да ја омажи, да ја теслими на „некого од вашите" наполно се смири од тој страв и почна да си ги реди во умот сите ергенчиња од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го чув неговиот трепетлив глас, стравот во тој глас, поразот во тој страв.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сејач на тој страв не беше само полицијата, туку и селскиот кмет, даскалот, општинскиот службеник, судијата и судот, војската, црквата, радиото и весниците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само за миг, но доволно за тоа цел живот потоа да го споменува тој страв во своите молитви и да бара прошка за него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Преголем беше тој страв, тој чемер.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дали е травот на старците рамен на детскиот страв, кога во бесоните ноќи со оформуваат од секој звук и секоја капка светлост непознати облици со млечни очи завртени кон тој страв, ноќе, кога анѓелите поцрнуваат и се кикотат пискаво и весели се заради двете ковчести извраснувања врз нивните кадрави чела?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во тој страв сите се собраа во еден ќош од одајата, како пилиња исплашени од орел.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А еден пак ранет во трепетна рака, отстапува бавно по местото рамно, од куршуми нема тој страв ниту мака, а гордо се држи и чекори стамно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Дури и при самата помисла, дека би можел да се послужам со итрина, се чувствував загрозен“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бев сиот исполнет со тој страв: дека некој ќе се обиде да проѕре во моите лоши намери и дека заради тоа ќе мора да ме казни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Притоа не мислам само на мене и на татко ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Точно е тоа, нашиот живот протече низ тој страв да не се случи полошото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тој страв, сам од себе, од грлото на жена му излетуваше глас: „Помош! Помош!“ Но во бучавата на брановите ништо не се слушаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И затоа таа случка и тој страв од Зенула јас го измислив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но тој страв не заврши со тоа. По неколку дена ја грабнаа качаците жена му од Делин кога се враќаше од планина со дрва.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нивното огромно пространство влева страв.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сепак, природните пречки никогаш не можат да бидат конечни граници, зашто тие истовремено секогаш служат и како инспирација да се надмине тој страв и тие да се преминат, да се освојат нив, да се населат.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Џиновски беше тој страв и ужасно темна беше таа ноќ околу нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше темна ноќ околу нас, на небото имаше сосема млада месечина, тенка како срп, што не може ништо да осветли, бевме сами во таа ноќ и среде тој страв што мене ми изгледаше голем и црн како некакво страшно и опасно, непознато диво животно од приказните.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од оние на кои не им го знаеш името, ама знаеш дека, ако ја отворат устата, можат веднаш да те проголтаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На чистинката меѓу грмушките непознатите седеа околу огнот и со внимание ги разгледуваа нашите велосипеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)