Таму никој не седеше. На тој стол ќе седне владиката ако се случело во селото наше да дојде.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Најраното запознавање со ликот на татко му е сврзано токму со таа работна маса и со тој стол.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Бино пак го покани сега нему да му се предаде како пред дванаесет тринаесет години што го канеше да му се предаде на мудурот, бидејќи сега тој седеше на тој стол, но тоа само го налути Јована, та за инает на Бина реши да се предаде, но не нему, ами направо на окружниот началник во Битола.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)