тој (зам.) - степен (имн.)

До тој степен компјутерските фонтови се поврзани со нашето современо, електронско чувство на време.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
*WELL е компјутерски систем за конференциски комуникации инсталиран во заливот на Сан Франциско, што стекна култен статус до тој степен што уметничката група Station Rose изведуваше уметнички перформанси за него. 28 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Последично, инкорпорацијата на електронскиот текст е одвоена од секоја претстава на активностите што бараат ‘стварно работно време’: текстот е вчитан (деривиран од пред-постоечка копија), прикажан, затворен и избришан без никаква врска со традиционалната работна сила и со интензивното време на дуплирачките процедури на истражување, печатење, копирање и архивирање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
До тој степен што посакувам да го згмечам неговото сирото битие. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со цел спречување на активноста на партиските кадри бугарскиот окупатор ги ангажира покрај војската и полицијата и целокупниот административно просветен и друг апарат до тој степен што било многу тешко да се превземе било каква аткивност, а таа да остане неоткриена од власта.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Неговата итрост и рефлекс до тој степен се изострени што тој веднаш знае со кого има работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Отсекогаш знаев дека најголемите изненадувања нè очекуваат токму на местото каде што конечно би научиле дека ништо нѐ не изненадува, разбирајќи под тоа да не се вџашуваме пред нарушувањата на поредокот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Единствени што навистина веруваат во фантоми се самите фантоми, како што тоа го потврдува прочуениот дијалог во галеријата на слики.** Ако во било кој поредок на фантастичното би го постигнале тој степен, Теодор веќе не би бил единствениот што застанува неподвижен, кутра животинка, посматрајќи го она што сѐ уште не знаеме да го видиме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)