Не пристигна свршеникот си мртов да го кити со росен погребен букет, бидејки не тажат во Река момите, па нити го видел тој срам овој свет!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Таа сакаше да остане крај Крстана, макар да се мачи како роб, сосема да пресвисне, само да не ѝ дојде тој срам - дека мажот ја оставил затоа што остарела пред време.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го прима ли кир Ристаќи тој срам?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
За да му се спротивставиш на тој срам и да му се опреш на поривот да го одречеш, искушение е да бидеш бесрамен, да ја забаталиш внимателноста и да појдеш во сосема спротивна крајност, па да ја прифатиш, барем на миг-два, претпоставката – како што вели другарон од Анаполис – дека само поради тоа што човек е геј, мора да сака некои работи, како извесни уметнички дела или одредена музика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
"Уште тој срам ми требаше, некој да ме разбере што мака ме мачи мене", си рече таа во себе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кој е тој срам!
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Татко ти навистина настојуваше тој срам малце да го подисчисти, но тоа тешко му поаѓаше од рака.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А тој срам најмногу нараснуваше во моментот додека му го предавав нарачаниот текст на директорот на весникот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И во тој срам, вели, го слушам само клоцањето и првкањето на добиците, вели, само претањето на кокошките и чукањето на моето срце.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)