тој (зам.) - сок (имн.)

Во неговите очи од таа крв, од тој сок на отворениот непознат и пак толкупати виден цвет, сѐ е црвено.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да знаат дека не постојат никакви споредни патишта и да не ги бараат попусто нив, дека треба да се пристапи отворено и просто, а после ќе се види колку е угодно да се живее со тој сок, оној вистински сок на работите, како кога вечераш од дивечот, што целиот ден сам си го ловел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој сок ќе се најдат навистина неочекувани додатоци како зачини.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)