Ако машката геј-култура го зајми омаловажувачкиот културен симболизам што е сврзан со женственоста и ако дури и ужива во тоа, тоа е така затоа што во женствената идентификација гледа стратегиска можност, која со радост ја користи – можност да ја обессериози сериозноста со која нашето општество ги третира сопствените родови конструкции.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Антисоцијалниот вид естетика на машката геј-култура го усвојува тој симболизам за да го оспори.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, самите геј-мажи се жртви на културниот симболизам на женственоста – иако тие од него страдаат поинаку од жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но геј-мажите не се одговорни за тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму поширокиот културен симболизам на самата женственост и општествената семантика на родот во кој е впишан тој симболизам се тие што претставуваат навреда за жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А не се ни геј-мажите тие што ја нанесуваат навредата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Свесното пригрнување на деградираните модели на женственоста од страна на машката геј-култура, со други зборови, всушност, не претставува навреда од геј-мажите за жените, затоа женственоста е таа што се навредува, а не жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)