Самопричинета е таа малолетност бидејќи нејзината причина не лежи во недостигот на разум туку во недостигот на одлучност и храброст со тој разум да се служиме без водство на друг. Sapere aude!
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А истиот тој разум отворено ми шепотеше дека љубовта може да попричека.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Додека француските материјалисти го подложија на најбеспоштедна критика сето она што не му одговараше на здравиот човечки разум, прогласувајќи го разумот само за еден составен дел од механички сфатената објективна природа, — Кант со прониклива критика на тој разум дојде до заклучокот дека природата и разумот се две изделени „ствари за себе“ и дека формите на познанието му се дадени на разумот “a priori”.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Не сум сигурен за причините, но таму, во плевната, на љубовта гледав како на опасност, како на бегство од суштинските задачи, како на еден вид предавство.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)