Тоа не значи дека машката геј-култура е изземена од мизогинијата и дека нејзините феминистички исправи се беспрекорни.398 Геј-мажите умеат да бидат женомрасци: Зошто би биле, на крајот на краиштата, толку различни од сите други – вклучително и од стрејт-мажите и од голем број жени – во таа несреќна смисла?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа значи дека феминистичката политика зависи од можноста да се гледа на родот како на улога, како на изведба, како на нешто што не е природно и автентично.397 Машката геј-култура, како што се обидов да ја опишам, е сосема усогласена со тој проект и му нуди силна поткрепа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во најмала рака, феминистичката политика изискува делумна десимболизација и дереализација на женственоста како што денес се дефинира и како што денес се практикува и се спроведува; таа налага одглобување на женственоста од женството и од женскоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа воопшто не е некој лесен трик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А се држам за него, иако знаев дека никогаш нема да успеам да ги најдам сите одговори, дека дури нема да најдам ни многу одговори, токму зашто прашањата се поважни од сите одговори што би можел да ги дадам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не сум никаков специјалист за популарната култура и не сум никако поткован за никаква стилска струка, па не бев добро намирен да се зафатам со тој проект.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Многупати сум се покајал што само сум се зафатил да го сфатам односот меѓу машката хомосексуалност и културниот облик или да ја објаснам логиката што е во основата на фасцинираноста на машката геј-култура со одредени артефакти на главнотековната култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Страшна работа е да имаш идеја што е поголема од тебе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)