И со склопени очи го гледав зад зелена магла човекот-факел како споулавено трча, а зад него, зад границата на тој настан, се протегаа моите соништа врз почва покриена со кожа на џиновски гуштер.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таму, на дното на просторот, седеше Круме Арсов, онаков каков што го знаев - си го гали брадичето со палец и се чуди каков е тој пламен што се движи помеѓу него и онемените луѓе од дружината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)