На крај ќе забележиш, и ти си дел од тој пејсаж...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)