И навистина, по тој однос не дојде до никаква поречканица меѓу арамиите Јована и Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Многу покорисен пристап кон проучувањето на системите на писмо е класификацијата на оние што покажуваат јасен однос помеѓу симболите и гласовите на јазикот (фонолошките системи) и оние кај кои тој однос не постои (нефонолошки системи).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Дали се оптимисти во врска со понатамошниот развој на тој однос?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дали на Џон и Ен таа форма на интеракција им изгледа позадоволителна?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
ТРОШЧЕЈКИН: Прекрасно погодив - можеш во тој однос да бидеш сосем спокојна.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во тој однос е многу важен разговорот на личностите: ЉУБА: “Треба да се сликаат слики за луѓе, а не за наслада на некое чудовиште, кое се наоѓа во тебе и те ишмукува”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Да, беше налик љубов на учител кон ученик, како љубов на уметникот кон своето дело ... по малку надмена, горда, од друга страна сервилна, бидејќи во тој однос не знаете кој кого го поседува. Брутално посесивна ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
20. КОЈ СИ КРАДЕ ОД СОНОТ, СИ КРАДЕ ОД ВЕКОТ - спанковците би биле најчесните во тој однос, единствена грижа уште ќе му остане на секој пред спиење да си легне поудобно и згодно...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Заради целиот тој однос кон неа, Марија ужасно се чувствуваше.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но, со тоа што упатуваат на кампот, сепак, признаваат дека се вклучени во културна и естетска практика што им е карактеристична на геј-мажите, дека се подготвени да се впуштат во конкретен однос со филмот, однос кој им е наменет ним од страна на машката геј-култура, како и дека имаат волја да заземат став кој на некое рамниште го разбираат како претставителен за еден изразито машки геј-стил на културно дисидентство, машки геј-стил на отпор кон прифатените главнотековни вредности.187
Од што се состојат тој однос и тој стил?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Впрочем имам искуство во тој однос.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Секој се бори, секој настојува да се искачи на брегот на спасот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дека на човекот му нема рамен во тој однос во природата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Навистина, кога ќе погледнеш околу себе, мал е бројот на оние кои веднаш им се покоруваат на тешкотиите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во обата случаи тој однос може да се разбере во значењето кое Дерида го предложи со своите епиграфи, како надоместок кој ја повторува изворната традиција, заземајќи го нејзиното место, одново испишувајќи ја однатре, но секогаш како тоа всушност да е однадвор.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бидејќи го зборувал јазикот на таа област, Гарсиласо е во состојба да доведе во прашање добар дел од она што тие историчари го напишале, но тој тоа го прави секогаш инсистирајќи на секундарноста на своето дело.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)