Иако не ѝ беше туѓ на филозофијата, тој обид не беше ниту филозофски ниту исклучиво теориски или критички, туку ветуваше (тој самиот беше тоа ветување), воедуваше нови тела на пишување, во залог даваше нови потписи, нови тела во кои ниту филозофијата ниту литературата, ниту знаењето воопшто, веќе не наликуваа на својата слика или историја.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не постои конституиран субјект кој во одреден момент се обврзува на пишување поради одредена причина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во тој дел од мигот во кој насмевката го деконцентрираше вниманието на соговорникот, Ема го ловеше изразот на неговото лице, се обидуваше да му ја прочита мислата и од сознанието во тој обид зависеше текот на нејзиното натамошно однесување и кажување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не сфаќајќи дека е тоа мое паѓање од бездна од која враќањето ќе е долго и мачно, очајнички се обидов да го соберам од масата и од подот шарените парчиња боја, во тој обид трошејќи ги уште повеќе и намножувајќи ги до снемување под треперењето на прстите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И покрај тоа што тој обид пропадна, сепак, една година подоцна, 1925 година, во Виена, врз принципите на Мајскиот манифест, беше формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Истата имаше единствено, централно раководно тело и три Обласни комитети за Македонија под Бугарија, Македонија под Грција и Македонија под Србија, односно Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Секој што ќе се обиде да напише барем еден ред му завидува на авторот кој се осмелил да го стори тој обид пред него.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
НОРА: Би те коригирала. Друштво за заштита на зависници или уживатели на опојни средства.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Што стана со тој обид и, воопшто, какви се шансите тој не баш занемарлив проблем да почне да се решава современо, ефикасно и цивилизирано?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ако тој обид не успее се минува на посложената класа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Го изврши тој обид, но уште со роењето на пчелите, се разнесе писок низ селото: се нафрлија пчелите на луѓето, на добитокот, на сè живо што ќе сретнеа, бегаше добитокот, луѓето се затвораа по куќите, ги затвораа вратите и прозорците, ги затинаа дупките и цеповите за да не може да им се протнат внатре; тие што ќе ги каснеа, потечуваа во лицето, во главата, во снагата; врискаа од болки.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)