— Мори ми кој ми е, браче Јоване. Ме излага тој натемаго, та ете се стори резил во векот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Види, види, жити вера; само месо в куќи дошло. Така, де. Така.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се фатија некои и од милосниците на чаушите и сејмените, та ја донесе тој натемаго и црна Стојна Ѓупката, милосницата на Аќифа. И кај ќе се фати — до Проќа Толева.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Што ми се криви луѓето, а и Јон не ми е крив. Може и тој не сака така, ама нешто го тера, го турка Тој натемаго.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А Јон, стопанот мој, не гледа кој го турка, Тој натемаго, не гледа дека над голем вис го носи, над провалија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Влезе тој натемаго во ниј, ќе а пустат куќата, — рече Стојо еден ден кога пак се повторија кавгите меѓу Митра и Доста и се обиде некако со притисок да ја замазни кавгата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Аааа! демек ти Паленѕа, a? Ox, ох, ох! Токму донесе тој натемаго на нас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)