Широко се насмевнав и тој насмев, макар слеан, без острина, го видов во огледалото на водата долу.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А кога понекогаш ќе ги отвореше во недовршен насмев, тоа изгледаше така кисело и отровно што и кога ќе ги тргнеше очите од него, тој насмев ти остануваше во тебе како студен допир на мртовец.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но тој насмев остануваше наполу, замрзнат, зачуден, со одвај дофатлив израз на навреденост и збунетост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)