тој (зам.) - младич (имн.)

Имаше нешто дури и светечко во тоа, како објаснуваше и како веруваше во своите мисли, тој младич, имаше нешто толку ведро, а во исто време и толку аскетско во неговиот ум, тоа маѓепсуваше уште при првиот допир, уште при првата средба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас токму затоа и сакав тој Младич да пристигне дење.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ја запомни само карактеристичната обесеносг на рацете, кога тие се врзани, но лисиците се покриени под ракавите; го запомни само тоа сопнато чекорење со увиснати раце, кај тој младич, што продолжуваше и меѓу двајцата џандари да си биде ластерест и извишен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега многу добро можам да го сфатам оној младич, што не можел да стори ништо друго, освен да си го врзе чкрапецот од својата пушка за палецот од ногата и да повлече, сигурно бил во многу борби, тој младич, а сигурно многу сонувал за животот, сигурно многу повеќе од мене, кога можел да постапи така, но сите тие борби, од кои што испливал жив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Без роднини, без пријатели, зашто и татко му, по смртта на жена си, живееше самотнички, тој младич ја имаше само тишината.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како да сака да ја „освести“ Неа и да ја одврати од тој младич, кој на Хорот не му е по волја!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)