Често за да им создаде ним мир - тој мир нема: за да им создаде спокојство - тој спокојство нема; постојано е со нив, и дење и ноќе...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
XX Откако полковникот Стивенс дозна од манастирските овчари дека виделе мечка во планината над манастирот, тој мир немаше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Потполн мир во попладневната тишина; само тропотот на копитата од коњите го нарушува тој мир.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Човек ќе се понадева да замине, ќе го побара мирот, а потоа тој мир еве го претвора него во суштество тапо и исплашено пред одговорноста на одлуката што им ја соопштил на другите, како единствена и целосна вистина, дека заминува, ни помалку ни повеќе, заради пишување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сè со цел да го оставам зад себе тој мир што ми го дава Господ.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Имаше нешто полно и глуво, нешто сосема решено и тупо од тоа, како некој полн, глув одзвук, сиот тој мир околу него, и сиот негов мир; тоа му го придушуваше здивот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја гледаше, сета крвава, исплашена и мирна и ја пожали заради тој мир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Гледаш со половина окце, повеќе го чувствуваш тој мир, таа чудна промена. Општа глувост.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дур возот без починка рони во времето на ритамот монотон вечерва ти си задремала. Не спи, не заспивај, уморена. Колку е тежок тој мир на твоите образи живи кога патуваат шумно сите предмети мртви. Со бакнежот на погледот мој што чука на твоите клепки заклопени ти ги отворам очите сонливи.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)