Јас бев единствениот што се среќаваше со него и секогаш од неговиот кабинет излегував со уверување дека е џек во професијата, дека е прецизен во одлуките и во водењето на акциите, дека во работата е како швајцарски часовник, но дека не е метал, дека пред сè е човек, дека запчаниците на тој механизам наречен часовник, постојано се поврзани со неговото срце и со неговата душа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И тој беше тука и знаеше да ракува со сето тоа така, како целиот тој механизам да беше просто продолжување на неговите прсти и, ни тој, ни бичкијата, не мораа попусто да се трошат во ниедно непотребно замавнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)