тој (зам.) - маж (имн.)

Не се сеќаваш веќе", ја прашувам,"кој беше, тој маж, или заборави?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Блазе си му на тој маж што ќе ми те земе, блазе!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ги испрати со Трајка да ја фатат Маргара, а сам со другите свои другари влезе во селото и нарача десет брави, десет фурни леб, тутун, ракија и се друго што им се „следуваше" во она време на четите кога ќе бидат „на гости" во реонот на некое село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ролан беше тој што сакаше да ти се придружи но Семјон и Анатолиј го симнаа од масата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Блазе си му на тој маж. А можеби и не знае што пропушта, си рече.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Друго шо можел да ти каже. — Море, како шо? Тој маж се женил и се одженил, рече...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ајде, мори, токо се бричите вие за попови снаи. ама којзнае ушче колку ќе се промени тој маж! — им вели Јова Даркова, третата водарка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој маж досега на сто пусии паднал, ама ниедна го нема задржано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)