Проклет да бидам, го слушам тој крик. - Кејтен, - скокнувам од најдлабок сон, одам како избезумен, го барам.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Навистина неговиот плач беше изблик на една многу подлабока болка што не треба да се врзува дури ни со љубовта; тој крик беше објава на еден крај; на свршеток кој сам по себе беше премногу грд. Затоа и го отфрлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не сакав ни да помислам дека може да се случи она што Денко Самоников го наговестуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој крик беше доказ дека освен тишината, освен заканувачкото пластење на снегот, освен секојдневието, постои над сето тоа, и нешто друго.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)