Тој копнеж по најмалото, но сопствено парче простор, вроден кај секој од нас!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тоа го сакав во младоста и тој копнеж не ме напушти долги години потоа. - Се вмеша Јана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Постои тука и такво нешто како што е испитување на тој копнеж по вистина кој минува низ светлината и оди кон нешто што можеби е ноќно.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Го барав и јас својот ангел-херој, и тој копнеж го нанижа на иста стрела и моето срце до другите, и тие започнаа заеднички, ужасно да крварат...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Уште повеќе, отвореното изложување на телото во просветителството било сметано како една важна научна технологија и метафора што ја означувала просветителската жед кон невидливото, копнежот по увид во нешто што не може да се види (во истиот период тој копнеж доведе до пронаоѓање на микроскопот), односно желбата да се дојде до крајот, каде што никогаш не можеме да бидеме ниту да го досегнеме.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Постои тој остров, тој копнеж по времето небиднина и сон, неуловлива ѕвезда во нас само ‘рти неговото семе но тој расцутува дури на прагот од бездната.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сигурно, тој копнеж, го криеле во своите длабочини, во моментот на неможност да се сретнат.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)