Лекарите му рекле дека сѐ уште било „биолошки возможно“ да зачне и да роди бебе, па двојката нашла „тројца што нѐ сакаа, но не сакаа деца“ да донираат сперма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа инстинктивна трка до дното, тој импулс да се идентификува со скандалозно срамотното и со гротескното, може да објасни зошто, како што понекогаш се жалат феминистките и како што веќе видовме, кампот особено ужива и систематски ги експлоатира најабјектните, најпретераните, најнедостоинствените верзии на женственоста што може да ги смисли една мизогина култура.201 Во една таква култура, дури и гламурозните жени имаат во себе нешто карикатурално.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Насловната на Војс најавува дека неговото посебно издание ќе содржи „Портрети на радикални животи“ и навистина е тешко да се замисли живот порадикален од оној што го опишува Калифија-Рајс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби тој импулс му го зацврстила поддршката што ја добивал од „своето и од семејството на партнерот и од стрејт-соседите“, која шокантно спротивна на згрозеноста што ја изразиле „на интернет неколкумина хомофобични ОЖМ кои се идентификуваа како стрејт и кои почнаа да му се обраќаат на Мет со женското име, затоа што вистинските мажи не затруднуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сосема е разбирливо што Патрик Калифија-Рајс, кој е болно свесен за непријателството и за нетрпеливоста што ги предизвикува едно такво нестандардно семејство, би сакал да ја ублажи настраноста на своето семејство и да ја промовира неговата обичност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Синот на Патрик и на Мет се родил година и пол потоа (48).
Тешко е да се замисли понастрано семејство: двајца истополови родители од различни генерации, кои создаваат педерастична двојка; обајцата се мажи, но ни едниот ни другиот не се родиле како машки; еден од нив раѓа дете откако преминува од женско во машко, а син им има тројца можни биолошки татковци, од кои никој не може да се идентификува со сигурност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)